"Роки 2" слави 40 години, а Сталоне на денот кој му ги обележал животот и кариерата пратил моќна порака

Точка

18/06/2019

20:27

3.337

Големина на фонт

а а а

"Толку сум среќен и неверојатно благодарен по сето ова време и секогаш ќе бидам! Продолжи да удираш Слај", напишал Сивестер.

Верувале или не, минале цели 40 години од остварувањето "Rocky II", кое за Силвестер Сталоне било пресвртница во животот. 

По тој повод, славниот актер на Инстаграм објавил сцена од рингот, со порака која трогнала милиони ширум светот кои го сакаат и почитуваат Сталоне, а го обожуваат и филмот.

"Од срце сум ви благодарен што ги прифативте овие ликови и нивните приказни во своите животи! Изгледа како вчера Ејдриен да ми викаше да победам, а Мики ме тераше да бидам италијански тенк и да минам низ него. И, конечно, борбата со неверојатниот Аполо Крид...Толку сум среќен и неверојатно благодарен по сето ова време и секогаш ќе бидам! Продолжи да удираш Слај", напишал актерот.

Славниот актер и натаму вредно снима. Потсетуваме, новиот, веројатно и последен "Рамбо" во кино салите доаѓа на 20-ти септември 2019-та година, а првиот трејлер е објавен на 30-ти мај.

"Рамбо: Последна крв" го прикажува овој ветеран како се обидува да се "извади" за своите злосторства и да ги уништи своите последни непријатели. Името на филмот, "Последна крв", не потсетува на првиот филм од франжизата - "Прва крв".


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk