Голема промена во „GTA VI“: Ќе има женски главен лик?

Супермен

19/06/2019

13:58

1.600

Големина на фонт

а а а

Според последните гласини од индустријата, „Rockstar“ подготвуваат големи промени во продолжението на серијалот „Grand Theft Auto“.

„GTA IV“ би можела да стане првата игра во која главниот протагонист е женски лик. Според последните гласини на индустријата „Rockstar“, тие се охрабриле по експериментот со трите протагонисти во „GTA V“, во претстојното продолжение да вметнат главен женски лик.

Според истиот анонимен извор, приказната во „GTA VI“ ќе започне во Liberty City, а потоа ќе ги однесе играчите во Vice City каде што ќе сведочат како протагонистот или протагонистите од играта ќе се приклучуваат во славната банда. Дури и оваа гласина да биде вистинита, дали тоа ќе значи дека ќе може да бираме помеѓу машки и женски протагонист во стилот на „Assassin's Creed“.

Претходните гласини за „GTA VI“ беа во врска со тоа дека играта ќе има најголема мапа во оваа франшиза досега, можеби ќе го постави и новиот рекорд во индустријата на видео игрите.

Сè уште не е познато кога оваа игра треба да излезе, но со оглед на тоа дека од „GTA V“ помина повеќе од половина деценија, најавата дека играта ќе излезе крајот на оваа гоина или почетокот на другата година згледа многу веродостојно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk