Научно е докажано дека една чаша од овој сок го намалува крвниот притисок и го регулира холестеролот

Точка

25/06/2019

12:47

3.700

Големина на фонт

а а а

Ова е најздравиот и најлесниот начин да го заштитите вашето срце. Секоја трета личност во светот пати од висок крвен притисок. Овие луѓе имаат поголем ризик да добијат срцев удар.

Меѓутоа за нив сега стигнуваат добри вести. Само една чаша од сок од домати дневно доволно е за да се намали притисокот и да се избалансира нивото на холестерол со што се спречува инфаркт.

Новото истражување докажува дека консумирање на една чаша непосолен сок од домати може да помогне во намалување на крвниот притисок, а воедно да го намали ризикот од развивање срцеви болести.


Јапонските научници на ова истражување работеле една година и откриле дека луѓето кои консумираат чаша сок од домати еднаш дневно, имаат понизок притисок.

Истата група на луѓе го стабилизирала и нивото на холестерол, што е одлична вест за оние кои патат од срцеви болести.

Истржувањето кое го спровела американската организација „CDC“ открило дека на годишно ниво во САД, 610.000 луѓе умираат од срцеви болести. Секоја година околу 730.000 Американци доживуваат срцев удар.


Во истражувањето кое е поврзано за сокот од домати учествувале 481 личност од која 184 мажи и 297 жени. Дозволено им е во текот на една година да пијат сок од домати колку што сакаат во текот на денот, но секој ден да забележуваат колку чаши испиле.

Важно е да се нагласи дека доматот има и други предности во однос на здравјето.

Тој е богат антиоксидант и помага со кардиоваскуларните болести.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk