Не се откажуваат: Huawei претстави три нови модели

Супермен

25/06/2019

14:32

2.846

Големина на фонт

а а а

Huawei во петокот во Кина официјално претстави неколку нови уреди од линијата Nova 5: Huawei Nova 5 Pro со чип Kirin 980, Huawei Nova 5 со чип Kirin 810 и Huawei Nova 5i.

Huawei Nova 5 Pro 

Најголемата ѕвезда во новото семејство на телефони, Nova 5 Pro се карактеризира со OLED екран, живописни бои и сензор за отпечатоци на прсти под екранот. Дисплејот е со големина од 6,39 инчи, има Full HD+ резолуција и изрез во облик на капка во кој е сместена 32 MP селфи камера.

На позадината на екранот се наоѓаат четири камери: 48MP, 16МР, 2МР “depth” и 2MP “macro”. Телефонот го покренува премиум Kirin 980 чипсет, со 8GB RAM и 128/256GB внатрешна меморија. Батеријата е со капацитет од 4000 mAh и поддржува 40W Huawei SuperCharge.

Цените се движат околу 385 евра за моделот 8GB/128GB и околу 440 евра за 8GB/256GB моделот.

Huawei Nova 5

Huawei Nova 5 е првиот телефон кој пристигнува со новиот чипсет Kirin 810. Објавата на уредот е планирана за средината на јули бидејќи за негово производство е потребно повеќе време.


Чипсетот има два Cortex-А76 јадра @2.27Ghz, како и шест Cortex-А55 јадра @1.88Ghz. Освен по овие карактеристики, Nova 5 е идентичен на Nova 5 Pro моделот. Присутен е истиот OLED екран со изрез и ист систем од камери на позадината. Доаѓа во една варијанта – 8GB и 128GB по цена од околу 385 евра.

Huawei Nova 5i

Овој модел пристигнува со најслаб чипсет (Kirin 710), но се истакнува со дизајнот кој имплементира “punch-hole” камера. Сензорот за отпечатоци на прсти се наоѓа на позадината, каде се наоѓаат и четири камери: 24MP главна + 8МР широкоаголна + 2МР “depth” и 2MP “macro”.


Доаѓа во варијанти од 6GB + 128GB или 8GB + 128GB. Батеријата е со капацитет од 4000 mAh, со поддршка за 18W брзо полнење.

Телефонот пристигнува во три бои – црна, сина и црвена, по цена од околу 260/280 евра, во зависност од моделот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk