BMW во Минхен го претставил спортското купе Vision M Next Concept, кое го најавува идниот продукциски автомобил на овој произведувач.
По првата генерација електрични автомобили на BMW од серијата "i", Баварците подготвуваат нови автомобили со електрични погонски компоненти. Првиот чекор кон сериски модел е концептната верзија, а овој пат BMW ни претставува концепт кој го навестува новиот спортски модел со хибриден погонски систем.
Vision M Next Concept би можел да го наследи актуелниот хибриден BMW i8, но како автомобил со уште помоќен мотор и перформанси - оттаму и ознаката "M" во името на концептот. Стилски, овој спортски концепт потсеќа на i8. Меѓутоа, Vision Next содржински е значително побогат.
Освен електричниот погон, овој автомобил - меѓу другото - носи и системи за автономно возење. Освен општиот дизајн кој никого нема да остави рамнодушен, новиот концепт има бои кои уште повеќе ги истакнуваат неговите стилски детали - покрај доминантната сребрена нијанса, има и елементи на впечатливо портокалова боја.
Автомобилот не го изгубил препознатливиот BMW имиџ благодарение на карактеристичниот облик на предната маска, а атрактивните врати кои се отвораат нагоре само го дополнуваат "wow" ефектот на овој концепт.
M Next Concept за погон користи хибриден бензинско-електричен систем кој испорачува 600 коњски сили. Автомобилот е во состојба од 0-100 km/h да дојде за само 3 секунди, а максималната брзина е 300 km/h.
Возачот на располагање има "Boost+C" функција која се активира со притисок на копче и која во клучните моменти дава дополнителна инекција на силата. Освен тоа, M Next Concept може да се вози и само на електричен погон, при брзина до 100 km/h.
Внатрешноста е очекувано футуристичка. Сепак, треба да се очекува BMW да ги поедностави дизајнерските решенија во примената на концепт, кога во блиска иднина ќе ја претстави продукциската верзија на овој автомобил.