Владата додели 30 милиони денари за Вардар и милион денари за шампионот Алили

Нетпрес

25/06/2019

23:41

4.627

Големина на фонт

а а а

Владата денеска на седница донесе одлука да додели 30 милиони денари на Ракометниот клуб Вардар за освоената титула Европски шампион во ракомет.

На седницата е донесена и одлука да додели еден милион денари на Бесир Алили за европската шампионска титула во борење во категоријата кадети и 300 илјади денари на неговиот тренер.

Бесир Алили, од македонскиот боречеки клуб „Лирија“ вчера освои златен медал на Европското кадетско првенство во Фиренца, Италија, Тој стана европски шампион во борење во категоријата слободен стил до 48 килограми, откако во финалето победи со 7-6 против Харутјун Хованисјан од Ерменија.

Ова е прв затен медал за Македонија на Европско кадетско првенство. Македонските борачи на кадетските првенства имаат освоено 8 медали. Покрај златната на Алили, има и три сребрени и четири бронзени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг