Откако заврши прва година на „Беркли“ во Бостон, Ања Ветерова летово ќе го помине со пријателите и роднините. Грција, Бугарија, Хрватска, Италија и се планираните дестинациии за летен одмор. За кон крајот на летото повторно да се врати во нејзиниот како што вели втор дом во Бостон.
- Ова лето сум како турист. Се вратив од Америка и ќе останам тука во Европа три месеци. Тоа значи дека имам во план да патувам, да се дружам со моите пријатели, да ги видам роднините и да уживам во летото. Мора да се најде време и за рекреација, па јас се одлучив да одам кај нашиот сосед во Грција. Планирам да ги посетам и Италија и Хрватска до крајот на летото.
- За неколку недели ќе одам да се забавувам и да ги пеам хит песните на Малума на неговиот концерт во Софија, Бугарија.
- Во план за ова лето ми е да снимам неколку песни кога станува збор за мојата кариера. Тоа би можела да навестам само, рано е да се зборува за тоа, секако вашите читатели ќе бидат благовремено информирани кога ќе има нешто ново на музички план.
- Ова лето за мене ќе биде кратко , но слатко, исполнето, бидејќи на крај на август се враќам назад во мојот втор дом во Бостон.
(А.В.)