Euro NCAP: Tesla Model 3 е еден од најбезбедните автомобили во историјата

Точка

05/07/2019

16:25

2.037

Големина на фонт

а а а

Резултатите на Tesla Model 3 се поклопуваат со резултатите на Mercedes-Benz A Class, најбезбедниот автомобил кој беше тестиран од Euro NCAP во 2018-та година.

Иако беше познато дека Tesla Model 3 е исклучително безбеден автомобил, сепак со оглед на тоа што до неодамна го немаше на европско тло, овој автомобил немаше поминато „под лупата“ на Euro NCAP.

Сега, откако Tesla Model 3 помина низ најригорозните „креш“ тестови на светот, добивме потврда дека овој американски адут е „рамо до рамо“ со најдобрите автомобили на европско тло.


Tesla Model 3 нуди идентичен степен на заштита на патниците како и Mercedes-Benz A Class, шамионот на Euro NCAP за 2018-та година. И двата модели остварија иста оцена од 96%. Што се однесува до системите за асистенција, Tesla Model 3 е подобар од A Class со 94%, а тоа е воедно најдобриот постигнат резултат во историјата на Euro NCAP. Само за споредба, A Class во овој сегмент остварил 75%.

Кога станува збор за заштитата на децата и загрозувањето на останатите учесници во сообраќајот, A Class е нешто подбар со 91%, односно 92%, во споредба со 86% и 74% на Tesla Model 3. Треба да се истакне дека тестираниот Model 3 во Long Range RWD издание не поседувал воздушни перничиња за колена и странична заштита за гради и карлица на патниците на задната клупа, па веројатно и затоа има послаби резултати од својот ривал од Штутгарт.


Без оглед на тоа што е можно овој резултат да биде соборен од некој конкурентен модел до крајот на годината, сепак факт е дека Tesla за многу кратко време научи премногу и очигледно американската компанија го стекна потребното искуство за производство на исклучително безбедни автомобили.



Спонзорирани линкови

Маркетинг