Необичното бикини на австралискиот фитнес модел наиде на поделени реакции откако Инстаграм ѕвездата која ја следат повеќе од 9,6 милиони луѓе споделила фотографија со своите фанови.
Тами Хемброу ги шокирала своите фанови на фотографијата каде позирала во “голо бикини” кое на прв поглед изгледа како да му недостасува некое парче.
“Која е поентата на ова бикини?”, “Ова не е ни костим за капење”, “Зошто воопшто носиш нешто?”, коментирале нејзините следбеници. Други биле поостри и го нарекле бикинито “вулгарно и евтино”.
Секако, дизајнот бил одобрен од страна на некои кои велеле дека не разбираат зошто луѓето ја навредуваат и дека Тами е “секси мајкa”.
Во описот на бикинито кое се продава на страницата на британската продавница “Oh Polly” пишува дека “ова парче не е за оние со слабо срце”.
Ова не е првпат Хемброу да привлече внимание со разголена фотографија. Пред два месеци, таа налути многу жени кога напиша дека нема ништо лошо во целулитот бидејќи сите го имаат, но нејзините фанови не можеле да го воочат на неа.