Цел живот ќе мора да ги спушта шорцевите: Надал пати од опсесивно-компулсивно нарушување, Шпанецот е роб на сопствените ритуали

Супермен

09/07/2019

14:50

10.741

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал отсекогаш бил познат по бројните ритуали кои ги практикува на теренот.

Еден од најдобрите тенисери на светот наводно пати од опсесивно-компулсивно нарушување, што може јасно да се согледа ако внимателно ги набљудувате неговите мечеви. 

Надал, својата опсесија ја довел до совршенство.

Ритуалите на тенисерот помеѓу поените и гемовите сериозно им одат на нерви на противниците, но и љубителите на овој спорт ширум светот. Шпанецот е одличен тенисер, но факт е дека тој е роб на сопствените ритуали.

Имено, Рафаел на секој меч повторува одредени работи за да ја намали напнатоста и да ги елиминира вознемирувачките мисли. Кога излегува, тој на теренот застанува исклучиво со десна нога, а рекетот задолжително го држи во левата рака.

Столчињата и пешкирите мора да бидат во рамна линија. Надал во текот на паузите, секогаш го става искористениот пешкир на десната страна од себе и ги чисти нозете над колената. Шишињата се дијагонално наредени во однос на теренот. Тој става две шишиња перфектно дијагонално во линија, потоа го зема првото шише, го отвара и пие од него, а потоа го враќа на истото место. Потоа го зема другото шише, го отвара и пие од него, а потоа исто го враќа на место.

##https://twitter.com/iamnamansaxena/status/883338032664805379##

По фрлањето на паричката, секогаш следи спринт до основната линија. Никогаш не ги гази линиите на теренот, освен во игра, а по паузата задолжително станува по противникот.

Доаѓаме до ритуалите поврзани со сервисот – на земјата секогаш пред сервисот ја чисти линијата, а потоа го повлекува шорцот од задникот надолу, а маицата нагоре. Следи познатиот “потег на Надал”: се брише по носот, ја става косата зад левото уво (иако секогаш носи марама за косата), повторно носот, па косата зад десното уво...

Надал за своите ритуали тврди дека не се празноверни туку само “бара поредокот во околината да биде во согласност со поредокот во неговата глава”. Реално, тенисерот има освоено 18 Грен слем титули во кариерата така што немаме право да му судиме...


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk