Адријана Лима “уловена” со новото момче, турскиот бизнисмен, на одмор во Миконос

Точка

10/07/2019

22:09

9.495

Големина на фонт

а а а

Познатата манекенка Адријана Лима повторно “запливала” во љубовните води, а нејзиното ново момче е турскиот бизнисмен Емир Ујар.

Парот бил “фатен” како заедно шета на улиците на Миконос. Адријана носела светлосин свилен фустан, додека Емир бил облечен во бела кошула и бели панталони. 


Ујар е успешен бизнисмен, познат во светот на богатите и славите. Тој е потпретседател на мултимилионерска компанија, а во своја сопственост има и неколку компании кои се занимаваат со туризам и нафтена индустрија. Неговото семејство поседува ланец на луксузни хотели.


Се школувал во Германија и Америка, а како што пишуваат странските медиуми, бизнисменот важи и за голем заводник.

За потсетување, Лима по разводот од српскиот кошаркар Марко Јариќ беше во врска со турскиот писател Метин Хара, како и со телохранителот Џо Томас.




Спонзорирани линкови

Маркетинг