Надал закажа мега пресметка со Федерер, па даде мислење за бомбастичната мета на Реал

Дерби

11/07/2019

11:29

1.314

Големина на фонт

а а а

Рафаел Надал вчера не му даде никаква шанса на Сем Квери и рутински се пласираше во полуфиналето на Вимблдон, претстава со која си загарантира уште една епска пресметка со својот вечен ривал Рожер Федерер.

Шпанецот и Швајцарецот по 40-ти пат во своите кариери ќе ги одмерат силите еден против друг, а претстојниот меч кој ќе се одигра утре привлекува посебно внимание бидејќи за првпат ќе се сретнат на Вимблдон по пауза од цели 11 години. Последен нивни меч во Ол Ингланд клубот беше незаборавното финале од 2008-ма година кое му припадна на помладиот Шпанец, кој покрај тоа што говореше за воодушевувањето што повторно ќе го дели централниот терен во Лондон со Рожер, на крајот од пресот реши да одговори и на едно фудбалско прашање.

Еден од новинарите му постави прашање на Надал за неговиот омилен клуб Реал Мадрид, или поточно, побара мислење за можното пристигнување на Пол Погба на „Сантијаго Бернабеу“.

– Секогаш верувам во она што го прави мојот клуб. Погба е голем играч, но понекогаш парите кои се споменуваат се вистинско лудило. Затоа, јас не сакам нешто што сметам дека е претерано од гледна точка на финансии. Тоа никогаш не ми се допаѓало, – изјави Рафа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг