Пресврт во случајот Трајковски: Италијански гигант му ги мати сметките на Спортинг Лисабон

Дерби

11/07/2019

11:31

660

Големина на фонт

а а а

Вчера и завчера најпрестижните португалски медиуми („О’ Јого“ и „А Бола“) објавија дека Спортинг Лисабон сериозно е заинтересиран за нашиот репрезентативец, Александар Трајковски.

Според нив, португалскиот клуб веќе ја стокмил и понудата со четиригодишен договор кој Трајковски тешко дека би го одбил.

Сепак, рано утрово, еден од најистакнатите италијански новинари, Алфредо Педула пренесе дека гигантот Милан се вмешал во трката за Трајковски. Нашиот фудбалер е слободен агент и ќе може да се пресели на „Сан Сиро“ без никакво обесштетување што и тоа како е поволно за клубот од Милано.

И Педула пренесува дека во моментов се уште главен фаворит за потписот на Трајковски е Спортинг Лисабон, но во следните денови се може да се случи, па не е исклучена можноста да го видиме нашиот репрезентативец во големиот Милан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг