Нова „смешна“ понуда за англиски услови од Интер: Аусилио со сите сили се труди да го добие Лукаку, но…

Дерби

11/07/2019

12:12

1.297

Големина на фонт

а а а

Вчера речиси сите медиуми пренесоа дека спортскиот директор на Интер, Пиеро Аусилио пристигнал во Лондон на преговори со Манчестер Јунајтед околку можен трансфер на Ромелу Лукаку во италијанскиот клуб.

Сега, медиумите ја објавија понудата со која Аусилио денес ќе се претстави пред челниците на Манчестер Јунајтед, и може да се каже дека таа воопшто не е примамлива.

Имено, Интер ќе го побара Лукаку на двегодишна позајмица со задолжителен откуп на неговиот договор. „Нероазурите“ најпрво ќе платат десет милиони евра за првата позајмица, потоа во јуни 2020 година ќе исплатат уште 30 милиони евра, а во јуни 2021 уште 30 мииони евра.

Со тоа цената би стигнала до 70 милиони евра, сума која е далеку под посакуваната цена која Манчестер Јунајтед ја одреди за напаѓачот, 85 милиони евра.

Згора на тоа, веројатно Манчестер Јунајтед нема да го прифати овој предлог од Интер затоа што „ѓаволите“ ги сакаат парите веднаш, а не исплатени во неколку години, нешто што е честа појава во италијанскиот фудбал, но во Англија тоа не се практикува.

Како што стојат работите, Интер ќе мора да смисли нова понуда доколку сака да го убеди клубот од „Олд Трафорд“ да го пушти својот напаѓач.



Спонзорирани линкови

Маркетинг