Имате проблем со спиењето? - Пробајте ја “4-7-8“ методата

Точка

11/07/2019

14:16

2.047

Големина на фонт

а а а

Имате проблем со несоница, нервозно се вртите на другата страна од креветот, но никако да заспиете?

Можеби ова е решенето за вас. Експертите ја препорачуваат т.н. метода 4-7-8.


Легнете во кревет, вдишете воздух низ носот за четири секунди, задржете го седум секунди, а потоа полека испуштете го низ устата за осум секунди.

Повторувајте додека не заспиете. Дишењето на овој начин го опушта телото и го ослободува од стрес, бидејќи успореното дишење го успорува работењето на срцето.


Инаку, ова е стара индиска метода за медитација, за која експертите тврдат дека е делотворна дури и ако се разбудите преку ноќта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг