Почувствувајте го ритамот на салсата... Вкусот, мирисот и амбиентот на Куба

Точка

11/07/2019

14:44

2.202

Големина на фонт

а а а

Куба е сосема сигурно една од најавтентичните земји во светот. Дебели цигари, Хемингвеј, рум, салса, Че Гевара - се само некои од иконите на овој неверојатен остров.

Најголемиот остров на Карибите, благодарение на својата тропска локација, ветува убаво време преку целата година. Иако „сувата сезона“ е период од ноември до април, дури и пеку „дождливите“ месеци е убаво да се престојува на Куба, бидејќи еветуалните дождови се кратки, а после нив температурата е пријатна и влажноста на воздухот е помала.


Хавана е главниот град и местото на кое ќе слушнете многу приказни за историјата на Куба, додека улиците околу вас се исполнети со врева и шаренило. Хавана е град полн со контрасти - рустични катедрали и цркви во стариот дел на градот се наоѓаат на пешачко растојание од тесните улички исполнети со барови, клубови и ресторани.


Исто така, модерните плажи и трговските центри се составен дел од градските панорами. Иако плажата во Хаваи е убава и сигруно ќе ви го задоволи апетитот за сонце и море, вистинското карибско доживување е на 140 километри подалеку.


На само три часа возење од главниот град на Куба, се наоѓа Варедеро - најголемото одморалиште на Карибите со 20 километри долга песочна плажа на која сигурно ќе го пронајдете своето место под палмите. Ова е совршена дестинација за сите оние кои сакаат неколку денови да поминат на плажа и да уживаат во прекрасните карибски мир и сонце. Многу хотели овде нудат „all inclusive“ услуга, па сигурно совршено ќе се одморите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг