Џејсон Момоа нападнат поради изгледот: “Си се запуштил, изгледаш како татко”

Супермен

11/07/2019

17:18

5.847

Големина на фонт

а а а

На интернет повеќе никој не е сигурен, па со тоа ни Џејсон Момоа по кој полудуваат многу жени ширум светот.

Имено, на социјалните мрежи се појави фотографија од Момоа без маица, на која “Аквамен” ги нема мускулите по кои е препознатлив. 

“Сте заборавиле да му ги фотошопирате мускулите”, “Изгледа како татко”, “Си се здебелил и запуштил”, се само дел од коментарите. Но, фановите на Џејсон сепак застанале во негова одбрана и сметаат дека тој изгледа одлично.

“Луѓето го напаѓаат иако изгледа подобро од било кој просечен маж”, напишал еден негов обожавател.

Но, изгледа дека Момоа не се грижи премногу за ваквите злобни коментари, туку ужива со семејството на одморот во Венеција.

Џејсон Момоа не е единствениот актер кој доживеал вакво негативно искуство – неговиот колега Хенри Кавил, кој го толкуваше Супермен, изјавил дека фановите од него очекуваат секогаш да изгледа како овој суперхерој.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk