Легендарниот поранешен фудбалер на Удинезе, Антонио Ди Натале го коментираше можниот трансфер на нашиот Несторовски на „Фриули“.
Долго се шпекулира дека Несторовски ќе ја продолжи кариерата во Удине, а свој коментар за ваквиот трансфер даде и Антонио Ди Натале.
– Дали доаѓа Несторовски? Се сретнавме со Специја против неговиот Палермо и мислам дека повеќе би бил од корист како втор напаѓач, дури и да постигнува голови, - кратко прокоментира Ди Натале.