Де Лаурентис: Хамес сака да дојде во Наполи, ама Реал…

Дерби

11/07/2019

19:40

1.718

Големина на фонт

а а а

Првиот човек на калчолигашот Наполи, Аурелио Де Лаурентис во своето последно интервју за „Газета Дело Спорт“ отворено говореше на сите теми меѓу кои и ангажманот на нашиот репрезентативец Елиф Елмас кого медиумите веќе го преселија на „Сан Паоло“.

Меѓутоа освен за Елмас, претседателот на наполитанците директно проговори и за уште еден играч-Хамес Родригез кој изминативе недели се поврзува со италијанскиот вицешампион. Тој призна дека има интерес, па дури и дека Колумбиецот сака трансфер кај нив, ама проблем прави Реал Мадрид.

-Хамес е најпокриениот играч во медиумите по Роналдо и Меси. Анчелоти го сака и сака да игра за нас и сега чекаме разумно барање. Пречката е Реал Мадрид кој според нас има претерани очекувања. Ама Хамес сака да му се приклучи на Наполи, -истакна Аурелио кој го искажа својто став и за Мауро Икарди, играч кој истоа така наводно е желба на италијанскиот прволигаш.

-Анчелоти изјави дека нема да размени Икарди со Лоренцо Инсиње и тој е во право. Икарди може да сака да му се приклучи на Јувентус, па и јас го пререрирам Лоренцо пред него затоа што ни е потребен, ние веќе ги имаме Милик и Мертенс како напаѓачи. Нема да негирам дека се распрашувавме за Икарди. Неспорно е оти има талент, ама толку многу е кажано за него, изгледа како да има повеќе од 26 години. Гледано од далеку, дава впечаток дека не е добро советуван, бил потрошен и не ја разбрал важноста на улогата што ја има. Но, нашето восхитување за него како играч е несомнено, -заклучи Де Лаурентис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг