Канте плаќа повеќе данок во Англија од „Амазон“!

Макфакс

11/07/2019

17:35

2.249

Големина на фонт

а а а

Повеќе пати во минатото стана јасно дека Н’Голо Канте не е типичниот фудбалер, кој многу заработува, многу троши и нема многу почит кон вредноста на парите.

Кога неговото име се појави во „Фудбал ликс“ поради формирање на офшор-компанија за земање на платата и избегнување на високиот данок на приход во Велика Британија, овој имиџ малку се наруши.

Но, сега, според француските извори, се открива вистинската приказна – Челси инсистирале тој да си постави офшор компанија за да ја зема платата (нормална практика меѓу фудбалерите), и иако тој формирал компанија, подоцна одбил да ја зема на таков начин, решавајќи дека му е потребна само „нормална плата“.

Со компанијата Канте би заштедил околу 870.000 фунти во даноци на својата плата, и сега британскиот „Мирор“ утврдува дека тој платил повеќе данок во Велика Британија отколку гигантот „Амазон“.

Канте платил 6.7 милиони фунти (564.000 фунти месечно како данок на приход и 305.000 фунти годишно за осигирување). „Амазон“, користејќи различни методи за избегнување данок платиле мизерни 1.7 милиони фунти минатата година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг