Стинг поради болест го откажал и вториот концерт

Супермен

11/07/2019

17:38

2.139

Големина на фонт

а а а

Британскиот музичар Стинг, поради болест откажал уште еден концерт предвиден за вечерва во Минхен, соопштиле на неговиот сајт во кој се наведуваат деталите за неговата здравствена состојба.

На сајтот се наведува дека Стинг искрено жали поради откажувањето на концертот, бидејќи музичарот уште не се чувствува добро, а лекарите му препорачале да не настапува.

Уметникот (67) со 100 милиони продадени албуми, во понеделникот го откажа концертот на еден џез фестивал во Белгија, исто така поради болест.


Стинг бил водич на групата „Police“, која имаше планетарен успех, после кој во 1985-та година започна исто така успешна соло кариера.

Музичарот се посветил и на многу политички и еколошки прашања, од ослободување на Нелсон Мандела, до заштитнички амазонски шуми. Исто така е голем љубител на јога.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk