Барди може да заврши во Каталонија!

Дерби

12/07/2019

18:30

1.458

Големина на фонт

а а а

Стандардниот македонски репрезентативец, Енис Барди од 2017 година е член на шпанскиот прволигаш Леванте, но тоа ова лето може да се промени со тоа што тој повторно би останал во Примера.

Шпанските медиуми најавуваат одредени комбинации во кои играчот од средината на теренот би преминал во таборот на Еспањол. Имено клубот од Валенсија го донесе Гонзало Мелеро од Уеска, играч кој се очекува да биде стандарден затоа што е по вкусот на тренерот Пако Лопез.

Ако на ова се додаде дека Рокина и Кампања се исто така влијателни, а капитенот Моралес има целосна слобода тогаш повеќе од јасно е дека некој може да биде жртвуван, а медиумите го гледаат токму нашиот Барди. Поради ова можни се одредени трансфери по што 24-годишниот Барди би завршил во Каталонија и тоа во Еспањол.



Спонзорирани линкови

Маркетинг