„Роботот“ Крауч и стави крај на својата кариера

Дерби

12/07/2019

20:30

1.501

Големина на фонт

а а а

Поранешниот англиски репрезентативец, Питер Крауч на 38-години одлучи да и стави крај на својата фудбалска кариера.

Човекот кој играше за 11 клубови и запиша 42 настапи за англиската селекција со емотивна порака се збогуваше со фудбалот.

-По многу размислувања ова лето решив да се повлечам од фудбалот. Нашата прекрасна игра ми даде сè. Многу сум им благодарен на сите што ми помогнаа да стигнам таму и ми помогнаа да останам таму толку долго. Ако на 17 години ми кажевте дека ќе играм на мундијали, дека ќе стигнам до финалето на ЛШ, ќе го освојам ФА Купот и ќе постигнам над 100 голови во ПЛ дефинитивно ќе ве одбегнував по секоја цена. Ова беше остварување на сонот, -порача Крауч кој ќе остане запаметен по специфичниот стил на прославување на головите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг