До 2050-та година светот ќе се претвори во жешка топка: Питката вода станува луксуз, Лондон ќе биде топол како Барселона, а еве како ќе биде на Балканот

Точка

12/07/2019

18:29

5.944

Големина на фонт

а а а

Според најновите истражувања, кои ги објавил британски "Guardian", до 2050-та година 77 проценти од градовите ќе минат низ драматични и потенцијално катастрофални промени.

Во секој дел од светот расте можноста за метеоролошки појави кои не биле забележани на тоа подрачје, и тоа за 22 проценти. 

Истражувачите од "Краутер Лаб" заклучиле дека до 2050-та година градовите во северната хемисфера, со моментално умерена или студена клима, во иднина ќе личат на градовите кои се 1.000 километри поблиску до екваторот.

Посебно ќе бидат погодени европските градови, а според предвидувањата на научниците, во Лондон температурите до 2050-та година ќе бидат како во денешна Барселона, во Москва ќе биде како во Софија, а во Стокхолм како во Виена.

За жал, според интерактивната мапа, тие климатски промени нема да го заобиколат ни Балканот, за кој се предвидува пораст на највисоките температури од дури 7,9 степени.

Највисоката дневна температура во најтоплиот месец ќе порасне за 7,9 степени, а на годишно ниво тоа зголемување на температурите ќе изнесува 3,5 степени.

Таквата клима ќе предизвика глобален недостиг на резерви на питка вода, а европските летни температури, кои веќе сега се алармантни, ќе пораснат за уште 3,5 степени.

Научниците предупредуваат дека петтина од големите градови, вклучувајќи ги Џакарта, Сингапур и Куала Лумпур, ќе имаат такви климатски услови, какви што денес нема во ниеден град на светот.

"Тоа значи дека не чекаат нови политички и инфраструктурни предизвици со кои никогаш претходно не сме соочиле", рекол Том Краутер, основач на споменатата лабораторија.

Некои климатолози сметаат дека ова не е предвидување туку илустрација, додека други велат дека треба да се сфати многу сериозно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг