Грчки професор објаснува: Никогаш досега не сме доживеале таков феномен на Халкидики, вакви опасности ќе има се почесто

Точка

12/07/2019

21:06

5.714

Големина на фонт

а а а

"Никогаш досега не сме доживеале таков феномен на Халкидики во смисла неговиот обем и јачина, два многу важни фактори", изјавил денес професорот Ефтимис Лекас, зборувајќи за разорната бура која ја зафатила северна Грција ноќта меѓу средата и четвртокот.

Како експерт за управување со природни катастрофи, Лекас нагласил дека светот се противи на "новите видови на опасност" чии варијабли во голема мера се непознати и дека мора да се прилагоди на нивната се почеста појава. 

"Имаме слика од тоа што се случило од прв момент, но ги анализираме карактеристиките на феноменот и сметаме дека беше единствен", рекол Лекас.

"Секоја појава во извесна мерка е единствена, секако, но тоа што не изненади, што ме изненади лично, е дека секогаш се соочуваме со нови со новите видови на опасност", истакнал тој.

Како пример, тој го навел патувањето во Индонезија пред шест месеци со тим од научници, за да проучат цунами кое се случило без никаков претходен земјотрес, нешто што никогаш претходно не било забележано.

"Мораме да ги заборавиме старите структури за вонредни ситуации и се што знаевме досега", рекол тој.

"Мораме да се прилагодиме на појавата од нови опасности чии димензии и карактеристики не ги знаеме, опасностите кои ќе бидат се почести", рекол тој и додал дека секогаш ќе имаме големи подрачја зафатени од вакви непогоди.

##https://twitter.com/severeweatherEU/status/1149211836904083456##




Спонзорирани линкови

Маркетинг