Петмина актери во трка за улогата на Елвис Присли: Во новиот филм ќе биде прикажан животот на кралот на рокенролот

Точка

15/07/2019

15:00

3.252

Големина на фонт

а а а

Засега единствено што ни е познато е дека филмот ќе почне да се снима оваа есен додека пак датумот на неговата премиера сè уште не е одреден. По успешниот биогравски филм за Фреди Меркјури и Елтон Џон, животот на уште една рокенрол легенда наскоро ќе биде прикажан на големото платно, овојпат тоа ќе биде кралот, Елвис Присли.

Сè уште неименуваниот филм ќе го режира Баз Лурман, познат по остварувањата „Мулан руж“, „Големиот Гетби“ и „Ромео и Јулија“, додека пак за главната улога во претстојниот филм се борат пет млади актери и еден рапер.

Според магазинот „Hollywood Reporter“, Том Хенкс веќе ја прифатил улогата на полковникот Том Паркер, долгогодишниот менаџер на Елвис Присли, а филмот ќе биде фокусиран на односот помеѓу нив двајца во текот на издигнувањата и падовите во кариерата на популарниот пејач.


Тоа што ги интересира сите е секако делот, кој ќе ја толкува улогата на Елвис Присли. Првото име на листата на кандидати на млади актери е Ансел Елгорт, кој го гледавме во филмовите „Виновни се ѕвездите“ (2014 г.) и „Возач“(2017 г.).

Ѕвездата на филмовите „Ана Каренина“ (2012 г.), „Одмаздници“ (2015 г.) и „Фајтер“ (2010 г.), Арон Тејлор-Џонсон, е уште едно име за кое се зборува дека е можно да ја добие улогата на Елвис Присли.

Триесетгодишниот Мајлс Телер, веројатно физички најмногу наликува на Елвис, но прашањето е дали тоа ќе му помогне да ја добие улогата на кралот на рокенролот.

Четвртиот кандидат за улогата на Елвис е најмалку познат од сите набројани актери досега. Тоа е момчето со име Остин Балтер, кој наскоро ќе го гледаме во новиот филм на Тарантино.


Постојат гласини дека и Хери Стајлс би можел да ја толкува улогата на кралот на рокенролот. Овој популарен пејач пред неколку години дебитираше на големото платно во филмот на Кристофер Нолано, „Данкирк“ (2017 г.).

Последното име на листата на кандидати за “филмскиот Елвис“ е уште еден музичар. Тоа е раперот G-Eazy кој неодамна се сретнал со Баз Лурман и го покажа своето интересирање за оваа улога.


Обложувалниците засега најголема шанса им даваат на Хери Стајлс и Мајлс Телер.

Конечната одлука на режисерите и продуцентите ќе ја дознаеме до крајот на месец јули. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг