САД подготвуваат жесток одговор за Турција: Америка ќе ја чини повлекувањето на Анкара од програмот F-35, но одмаздата доаѓа! Еве го моќниот план кој Пентагон веќе го подготвил

Точка

15/07/2019

20:53

8.680

Големина на фонт

а а а

Пентагон соопштил дека му се потребни повеќе од 200 милиони долари за пронаоѓање на доставувач на низа компоненти за ловечкиот авион F-35, а поради "потенцијалните санкции" против неименувана "странска држава".

Тоа речиси сигурно се однесува на Турција, пишува американскиот портал "Drive" во текстот под наслов "Пентагон ќе го оштети буџетот за резервни делови за F-35 за да плати за исфрлањето на Турција од тој програм". 

Минатиот месец висок американски воен службеник ги претставил начините на кои Турција ќе биде исфрлена од програмата "F-35", вклучувајќи го завршувањето на соработката со бројни турски компании кои учествуваат во изработка на стелт-ловецот, а сето тоа бидејќи Анкара купила ПВО систем S-400 од Русија.

Елејн Макасер, заменик американски секретар за одбрана, потпишала барање да се префрлат 206 милиони долари од воениот буџет за фискалната 2019-та година, наменети за делови. Еве го оригиналот од тој документ, кој мора пред Конгресот да добие одобрување за да стапи на сила.

"Фондовите се потребни за да се помогне ланецот на алтернативни извори за програмата F-35. Министерството за одбрана веќе презема чекори да пронајде алтернативни извори за компоненти за F-35 за да се заштити од потенцијални прекини", се наведува во образложението и, меѓу другото, се додава: "Ова се однесува на компоненти кои се произведуваат во странски држави, кои САД ги сметаат за потенцијална мета на санкции, а кои го рушат ланецот за снабдување на F-35".

Овој документ, кој Пентагон го сочинил во јуни 2019-та година, покажува што ќе се случи со Турција ако биде исфрлена од програмата F-35 поради увозот на рускиот S-400. На седми јуни оваа година, Елен Лорд, заменик секретар за одбрана за набавка и безбедност, изјавила дека на почетокот на 2020-та година ќе биде извршен "дисциплински и елегантен рез" на сите турски договори за програмот F-35.

Но, Турција со купувањето на S-400 ризикува и други американски санкции.

Пентагон наведува дека сето ова е неопходно за да се заштити производството на F-35 и да пронајде замена за турските произведувачи на авионските делови. Тој план ќе се спроведе во три фази. Имено, Турските компании се единствени произведувачи на повеќе од 400 различни делови за F-35, како што кажала Лорд.

Односите меѓу САД и Турција, но и внатре во НАТО, чии членки се и двете држави, се искомпликувале кога Анкара купила руски S-400. Повеќето компоненти на руските системи веќе се испорачани во Турција.

САД неколку пати барале од Турција да воздржи од купување на руските системи за одбрана, а потоа отворено се заканиле со санкции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг