Викторија Бекам има совршена кожа, а тајната ја “крие“ во кујната: Буквално секој ден треба да го јаде ова!

Кармин

15/07/2019

17:10

3.269

Големина на фонт

а а а

Викторија Бекам во петтата деценија изгледа одлично, а тајната за нејзината прекрасна кожа се крие во кујната. Поранешната членка на „Spice Girls“, откирла дека порано имала проблематична кожа, а потоа еден совет на дерматолог, променил сè.

„Д-р Харлорд Ланцер ме советуваше секојдневно да јадам лосос. Го прашав дали морам баш секој ден, а тој рече да“, рекла Викторија.

Имено, лососот, како и другите масни риби, богат е со омега 3 масни киселини, како и со А и Ц витамини. Омега 3 масните киселини содржат маснотии кои поволно делуваат на здравјето, а првенствено го штитат срцето и крвните садови, бидејќи го намалуваат нивото на триглицериди и ги контролираат воспалителните процеси во телото. Освен тоа, омега 3 киселините ја штитат кожата од стареење.

Недамнешното истражување докажало дека луѓето кои јадат риба и зеленчук имаат помалку акни од оние кои ретко консумираат риба. Неколку студии ја докажале и врската помеѓу рибите, омега 3 киселините и убавиот тен без акни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk