Бистрото сино езеро во Сибир, недалеку од Новосибирска, чија боја е резултат од хемиските реакции на токсичниот отпад од локалните електрани, претставува сензација која ја нарекуваат “Сибирски Малдиви“.
Оваа тиркизна вода привлекува голем број туристи кои се фотографираат покрај езерото и на социјалните мрежи пишуваат “скокотливи“ коментари: „Не е Чернобил, но и понатаму е опасно“ и „Не е опасно да пливате тука. Следното утро нозете ми поцрвенеа и ме чешаат два дена, но потоа помина сè. Но, што сè не би сте направиле поради такви фотографии?“. Тој корисник додал дека водата има “кисел вкус“.
Еколозите, предупредуваат дека не треба да доаѓате во контакт со водата. Рускиот еколог Дмитриј Шахов предупредил дека водата може да предизвика алергиски реакции или пак хемиски изгореници доколку се голтне или допре.
„Оваа вода е заситена со тешки метали и штетни супстанции“ - изјавил тој.
Локалните жители не мора да одат во тропските краеви за да направат фотографии од тиркизната вода за социјалните мрежи.
„Можеме да ги споредиме со фотографиите од Малдивите“ - изјавил некој од локалните жители. „Тука секој ден се фотографираат над сто луѓе“.