Спортскиот директор на Рома: Заниоло не е на продажба

Точка

16/07/2019

10:04

915

Големина на фонт

а а а

Иако Заниоло минатата година пристигна во Рома, италијанските медиуми шпекулираат дека младиот Италијанец веќе би можел да го напушти „Олимпико“.

Се шпекулираше дека Заниоло би можел да се пресели во редовите на Јувентус, меѓутоа спортскиот директор на римскиот клуб, Џанлука Петрачи порача дека тој не е на продажба.

„Му реков на Заниоло, како татко на син, главата да му се врати на неговите рамена, па луѓето веднаш започнаа да зборуваат дека тоа значело дека ќе го ставиме на трансфер листата“, изјави Петрачи и додаде:

„Можам да речам дека денес Заниоло не е на трансфер листата, мораме да бидеме јасни. Сега морам да работам да го извлечам најдоброто од Заниоло, затоа што моја работа не е само купувањето и продажбата на играчи, затоа што имам и директен контакт со тимот“, изјави Петрачи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг