Иако една од главните теми во летниот преоден рок беше можното напуштање на Погба на Манчестер Јунајтед, сепак се чини дека тоа нема да се случи.
Од Јунајтед наводно соопштиле дека досега никој не испратил понуда за Французинот, а со оглед на тоа што останува околу еден месец од летниот преоден рок, се оди во прилог на тоа Погба и идната сезона да го гледаме во дресот на Манчестер Јунајтед.
Солскјер остана без Андер Ерера кој се пресели во ПСЖ, па јасно е дека сака францускиот репрезентативец да остане во Манчестер Јунајтед.
Наводно од Реал Мадрид досега покажале најголем интерес, но проблем за „Кралевите“ била цената. Од Реал биле подготвени за услугите на Погба да понудат 120, додека Јунајтед барале 170 милиони евра.