Инсиње: Сари е предавник

Макфакс

16/07/2019

09:52

959

Големина на фонт

а а а

Капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње, рекол дека ќе има мотив повеќе да го победи Јувентус бидејќи нов тренер на клубот од Торино е Маурицио Сари.

Сари пред еден месец пристигна во Јувентус откако само една сезона мина во Челси. Италијанскиот тренер пред да замине во Лондон беше тренер на Наполи. Во Неапол не ја примија најдобро веста дека Сари ќе биде тренер на Јувентус.

„Еднаш реков, сега и ќе повторам, тоа е предавство. И тоа така ќе биде засекогаш“, рекол капитенот на Наполи.

„Сега мораме да се фокусираме на нас и да се обидеме да победиме по секоја цена. Замина во Јуве и повеќе не сакам да зборувам за него. Скудетото е наша цел, за него ќе се бориме“, заклучил Инсиње.



Спонзорирани линкови

Маркетинг