Спуштена е завесата на уште еден Вимблдон, Новак Ѓоковиќ го однесе и петтиот трофеј од лондонската трева и тоа на начин кој долго ќе се памети, кој како што вели тој, долго ќе го прераскажува на своите деца.
Најдобриот светски тенисер, многу кажа по титанската борба со Федерер во финалето, но надоброто го остави за крај кога сите впечатоци беа сумирани.
Новак, по пат на својот Инстаграм профил им се обрати на своите следбеници и навивачи, а еве го неговиот текст за успехот, еден од најголемите во неговата кариера без сомнеж.
„Беше тоа натпревар за век и векови. Натпревар кој доживотно ќе го паметам и кој ќе го раскажувам на моите деца. Вечна благодарност до небо што ми дозволија да бидам дел од еден ваков спектакл. Во овој натпревар имаше сè. Голема почит до Федерер поради големата борба. Тениското “патување“ во последните 12 месеци навистина беше фантастично. Враќање во тенисот од повреди, желбата да се достигне нивото на тенисот кое би ми дозволило да се натпреварувам за најголемите трофеи во тенисот. Вербата во себе, упорноста, посветеноста и големата поддршка од моите најблиски ми дозволија да бидам тука денес. Благословен сум и свесен сум за тоа. Беше задоволство да се создаде историја на древните терени на Вимблдон и да го делите теренот со легендата на нашиот спорт. Ќе продолжам да сонувам да бидам дел од вакви незаборавни моменти во иднина. Инаку, тревата беше највкусна досега“ - напишал Ѓоковиќ.