Бранко Геровски со статус на Фејсбук по притворот на Боки 13: "Нема да му се извинам на СДСМ, партијата нека им се извини симпатизерите"

Точка

16/07/2019

10:34

6.854

Големина на фонт

а а а

Новинарот Бранко Геровски најави дека нема да му се извини на СДСМ за Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, и побара од партијата да му се извини на членството и на своите симпатизери.

Како што е познато, Боки 13 вчера беше уапсен на граничниот премин "Богородица". 

Тој е првоосомничен во најновата истрага на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Јовановски заедно со Зоран Милевски Кичеец е обвинет за примање награда за противзаконско влијание, како и за перење пари. Претходно судот му одреди 30 дена притвор и на Милевски.

Новинарот Бранко Геровски на својот профил на Фејсбук објави колаж од фотографии на Боки 13 со функционери на СДСМ, а над истата напишал:

"НЕ, НЕМА ДА МУ СЕ ИЗВИНАМ НА СДСМ ЗА БОКИ, ТУКУ СДСМ ЌЕ ИМ СЕ ИЗВИНИ НА ЧЛЕНСТВОТО И НА СИМПАТИЗЕРИТЕ!

Саше будалетинката бара да сум му се извинел на СДСМ за "клеветите" дека Боки 13 дејствувал "заедно со власта". Настрана што тоа никогаш не сум го кажал...

Погледнете го колажот од фотографии и врднаш ќе сфатите зошто нема да му се извинам на СДСМ и кој кому треба да се извини.

Не велам дека сите овие личности од фотографиите соработувале со Боки или го поттикнувале да рекетира. Скраја да е. Но, нивната блискост со еден ваков лик, нивното внимание со кое го опсипале, дегинитивно го охрабриле Боки да го прави она што го правел.

Време беше власта да го симне од вратот овој крлеж. Пардон, оваа бубашваба, како што самиот си се нарече. Мислам на Боки. А и за Сале Мутави да си размислат..."



Спонзорирани линкови

Маркетинг