Брижит за 24 години помладиот Емануел Макрон: „Не најдов начин да му одолеам, ме обзеде љубовта“

Кармин

16/07/2019

11:24

3.966

Големина на фонт

а а а

На сите добро им е позната љубовната приказна на Емануел и Брижит Макрон, но се поставува прашањето зошто таа не престанува да го интригира светот?

Францускиот претседател Емануел Макрон моментално престојува во Србија, но не во друштво на својата сопруга Брижит Макрон. Нивната врска не престанува да предизвикува полемики само поради фактот што таа е постара од него 24 години.

Да ве потсетиме дека Брижит и Емануел се запознале кога францускиот претседател имал 15 години, а Брижит тогаш била негова наставничка.


Иако не е познато кога започнала нивната романса, интересно е тоа што Емануел цело време одел во одделение со нејзината ќерка која со воодушевување зборувала на својата мајка за новиот ученик кон кој имала мали симпатии.

Кога работата ескалирала и Емануел се заљубил и почнал врска со 24 години постарата наставничка, инаку мајка на три деца, неговите родители правеле сè за да ги разделат, во што успеале по две години кога таа дала отказ и заминала во друго училиште.

„Нема толку лесно да се ослободиш од мене. Ќе се вратам по тебе и ќе те оженам“ - наводно ѝ рекол тогаш седумаесетгодишниот Макрон.

Верувале или не, своето ветување го остварил во 2007-та година кога по 10 години (забранета врска) се венчале.

„Поради такви работи се менувате како личности. Учите да се борите со работи кои ви значат и своеволно ги носите последиците од таквите приказни. Јас живеам живот на кој многумина гледаат со неодобрување. И така е веќе 15 години. Но, двајцата ја одржавме врската затоа што точно знаевме што сакаме. Ништо од ова не се случи само по себе. Сè сами направивме“ - гордо изјавил Макрон.

Неговите родители кои се релативно либерални не сакале да го прифатат тоа бидејќи нивниот син е млад, шармантен, успешен и од добро семејство. Неговата мајка закажала состанок со Брижит на кој ја молела да го остави на мира нејзиниот син барем додека не наполни 18 години.


„Не можам да ви го ветам тоа“ - рекла Брижит.

„Ти не разбираш. Ти веќе си го изградила својот живот. Тој е млад. Покрај тебе нема да може да има ни деца“ - очајувала мајката на Емануел.

Минатата година Брижит изјавила дека љубовта толку многу ја обзела и дека едноставно не нашла начин да му одолее на Емануел. Во текот на политичките успеси била безусловно покрај него и го советувала во врска со неговите јавни говори.

„Таа е секогаш покрај мене, а без неа не би бил јас“ - изјавил Макрон.

„Да сум 20 години постар од својата сопруга, никој не би го преиспитувал нашиот брак. Само затоа што ситуацијата е обратна луѓето зборуваат дека тоа е невозможна приказна“ - заклучил Макрон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk