Емери за првпат се огласи за бојкотот на капитенот Кошчиелни

Дерби

16/07/2019

12:24

1.221

Големина на фонт

а а а

Арсенал го победи Колорадо со 3:0 на пријателскиот меч за време на турнејата која ја има клубот од Северен Лондон во Америка, која сепак наместо од фудбалски аспект, повеќе внимание привлече поради потегот на долгогодишниот капитен на тимот.

Лоран Кошчиелни одлучи да ја бојкотира турата во САД поради силната желба да го напушти клубот една година порано од истекот на договорот, потег со кој секако ја зачуди цела англиска јавност, а истовремено го навлече гневот кај фановите кои не очекуваа ваков однос од фудбалерот кој во последно време е најчесто повреден.

Косиелни се уште мудро молчи и чека разврска на својата иднина, но затоа сега за првпат се огласи Унаи Емери кој целата одговорност му ја препушти на клубот.

– Тој ги започна тренинзите во пресезоната со нас и зборував со него три пати за оваа ситуација. Сакавме да дојде со нас и да биде дел од тимот на оваа турнеја, но тој реши да остане. Сега работата се сведува на релација клуб-играч. Тој има уште една година од договорот, за мене како менаџер, тој е важен дел од тимот. Сепак, сега одлуката ќе ја донесам клубот и играчот, знам дека веќе зборуваат за разврска на ситуацијата, но не можам да кажам ништо повеќе од тоа, – порача Емери.



Спонзорирани линкови

Маркетинг