Јовиќ: Имам една голема дарба на теренот, роден сум со тој квалитет

Дерби

16/07/2019

12:26

2.055

Големина на фонт

а а а

Лука Јовиќ ова лето го направи трансферот на својот живот откако направи премин од Ајнтрахт Франкфурт во Реал Мадрид, користејќи ја фасцинантната сезона во Бундеслигата и Лига Европа како предуслов број еден за остварување на животниот сон.

Младиот српски напаѓач е подготвен да учи од ѕвездите во Реал и сака брзо да добие место во првиот тим на Зинедин Зидан, па по првите напорни тренинзи со новите соиграчи во Монтреал, Јовиќ сега се отвори во долгиот разговор кој го имаше за подкастот „The Player’s Tribune“.

Србинот прговорои за својот дар од Бога и најголемиот квалитет на теренот, но и за тешката болест на неговата сестра која го натерала да успее во фудбалот.

– Во овој живот, сите луѓе имаат одреден дар од Бога, а мојата дарба е да постигнувам голови. Мислам дека сум роден со тој квалитет. Не знам на која позиција точно ќе играм во Реал и како ќе завршам како напаѓач, но отсекогаш сум бил опсесивен за давање голови. Отсекогаш сум бил хипнотизиран од најдобрите напаѓачи од светот. Ги имам изгледано сите ВХС видеа за голови постигнати на сите мундијали, – открива Јовиќ и додава.

– Јас потекнувам од малото село Батар, а таму важат само две правила. Напорна работа и голем сон за успех. Не сакам да зборувам многу за ова, но кога имав десет години, мојата постара сестра многу се разболе. Тој момент ги одбележа нашите животи. Лекарите открија дека има леукемија и секој ден одеше во болница. Мојата мајка ја напушти работата за да се грижи за неа. Јас и татко ми живеевме одвоено и бевме во Белград за да тренирам во Црвена Звезда, а мајка ми се грижеше за мојата сестра. Кога мојата сестра ја победи болеста, ми даде храброст да триумфирам во фудбалот. Сакам да бидам победник како неа, таа е мојата инспирација, – додава 21-годишниот Јовиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг