Хрватска инфлуенсерка ги разбесни луѓето со снимката од пожарот: „Шест часа смрзнувавме, сега се сетија“

Точка

16/07/2019

12:49

3.276

Големина на фонт

а а а

Хрватската инфлуенсерка и Јутјуберка, Петра Димиќ се огласила по шестчасовниот пожар кој ја зафатил шумата позади клубот Калипсо и поради кој биле евакуирани 10.000 луѓе од познатата хрватска плажа, а разбеснила многу луѓе поради коментарите упатени кон пожарникарите.

„Драги мои, добредојдовте во живо. Да ви покажам што се случува и каква е ситуацијата по пожарот кој трае 6 часа. Дури сега се сетија да го згаснат пожарот. Ова ти е Хрватска, само да им кажам на сите, ова е Хрватска! По шест часа тие се сетија да го гасат пожарот. Само погледнете што се случува. Значи, ние шест часа стоиме, се смрзнуваме, чекаме со милион останати луѓе тука. Нема да ви кажувам ништо убаво затоа што ова е катастрофа. Седум часот наутро е, а сè уште гори. Четири часа спиевме надвор на ладно додека огнот гори покрај нас“ - опишала Петра на снимката која повеќе не може да се најде на нејзиниот профил затоа што ја избришала.

Снимката се појавила и на страницата „Пожарникари - Тие се нашите херои“ со опис: „Ова видео го добив во инбокс... Толку многу ме изнервира што морав да го споделам со вас. П.С. Ова не е целото видео, има уште, но гадно е да се слушне тоа“.

Лутите коментари упатени кон оваа хрватска инфлуенсерка не престанале да се нижат.

„Толку многу ве има што би можеле да помогнете... А, вие “плукате“ по пожарникарите“.

„Коментар не е потребен, ти сама за себе си кажуваш сè... Ти си за жалење, ништо друго“.

„Оние кои малку ја познаваат природата на вашата работа, многу добро знаат низ што сè поминувате и како се чувствувате“ - дел од коментарите.

Откако снимката се проширила на социјалните мрежи, Петра објавила фотографија на Инстаграм стори преку која им се заблагодарила на пожарникарите.

„Луда ноќ. Им благодарам на сите луѓе кои се бореа оваа ноќ, особено на пожарникарите. Луѓе, внимавајте да не фрлате лесно запалливи работи во природа, особено отпушоци. Чувајте се себе и природата“ - напишала таа.

Објавила и видео снимка на која изјавила дека “погрешно“ била сфатена, и дека “долго требало да се изгасне пожарот поради околностите и пламенот, а не дека пожарникарите се лоши или нешто слично“.

„Секоја им чест нив и на нашите драги луѓе кои нè спасија“ - додала таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг