Писателот Џорџ Р.Р Мартин изјавил дека и покрај негативните реакции за крајот на ТВ серијата "Game of Thrones", нема ништо да менува во претстојните книги од серијалот "Песни за огнот и мразот" на основа на која серијата е снимена.
Првите четири сезони од "Game of Thrones" во најголема мера го следат дејствието од пет романи на МАртин од серијалот "Песни за огнот и мразот".
Серијата, меѓутоа, во меѓувреме го престигнала романот и ставила крај на приказната и пред Мартин да успее да ја заврши книгата, а наводно би требало да бидат објавени уште два дела.
Иако авторите на серијата неколку пати нагласиле дека насоките за расплетот на "Game of Thrones" ги добиле од самиот Мартин, разочараните фанови се надеваат дека крајот на епскофантастичната сага за борбата за превласт во измислената земја Вестерос, во книгата ќе биде поразличен.
На нивно разочарување, Мартин во интервју за списанието "Entertaiment Weekly" изјавил дека судбината на главните јунаци ќе остане иста, затоа што сака да ја напише книгата која отсекогаш сакал да ја напише.
"Во искушение сум да ја променам. Боже, лошо е, морам да смислам нешто поразлично. Но, тоа е погрешно. Затоа што планирав одреден крај, и ако го променам само затоа што некој сфатил каков ќе биде тој, или затоа што не му се допаѓа, тогаш тоа ја уништува целата структура...Не ги читам коментарите на фановите. Сакам да напишам книга која отсекогаш сакав да ја напишам. И кога ќе биде објавена може ќе им се допадне, а може нема", рекол Мартин.
Писателот рекол и дека бил под голем притисок да ја заврши книгата пред крајот на серијата, но дека со брзањето сега е завршено, со оглед на тоа дека серијата е завршена.
"Ќе биде готова кога ќе биде готова", рекол Мартин зборувајќи за објавувањето на наредната книга.