Од Passat од 1999 година е направена најбрзата колиба на светот

Супермен

16/07/2019

13:43

2.572

Големина на фонт

а а а

Сопственикот на овој подвижен дом, Кевин Никс, е воедно и сопственик на Гинисовиот рекорд за најбрза колиба на светот.

Кевин Никс поминал седум месеци работејќи на подвижна колиба која е базирана на моделот на Volkswagen – Passat, од 1999 година. Тој вградил дополнителна метална рамка за дрвената колиба да биде цврста, а го променил и моторот. Колибата сега ја придвижува “тјуниран” 4,2-литарски V8 мотор од Audi RS4 кој развива 450 коњски сили. Силата се пренесува на сите четири тркала благодарение на Quattro систем. 


Најбрзата колиба на светот добила и хидраулика така што може да се подигнува и спушта, односно да изгледа како обична колиба кога е паркирана. Тркалата се позајмени од Volkswagen Transporter за да може да издржи значајна тежина. Иако станува збор за големо возило, во кабината има место само за двајца патници.

Снимката не открива многу детали за внатрешноста.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk