Ова е првиот знак за акутна леукемија поради кој веднаш треба да се обратите кај доктор

Точка

16/07/2019

14:21

16.016

Големина на фонт

а а а

Откако популарниот фудбалски експерт Синиша Михајловиќ излезе пред италијанските новинари да ја соопшти веста за тешката болест, леукемија, многумина се прашуваа дали се работи за акутна или хронична леукемија.

Неофицијално се работи за акутна леукемија која ја забележал кога почувствувал слабост која најпрво ѝ ја препишал на некој вирус. По деталните тестови сфатиле дека се работи за леукемија.

„Плачев со денови. Животот ви поминува пред очи во тие моменти. Но, ја почитувам болеста и храбро ќе се изборам против неа. Гледајќи ја во очи како што секогаш правев. Не можам да дочекам да одам на болница и да ја започнам борбата. Болеста е агресивна, но и победлива. Им го објаснив тоа и на своите играчи. Имаше солзи и додека им ја соопштував мојата здравствена состојба“ - изјавил на конференцијата за новинарите.


Акутната леукемија за разлика од хроничната напредува брзо и прогресивно, а доколку не се почне навреме со лекување, малигните ќелии се делат многу брзо.

Најчестите симптоми се зголемен број на бели крвни здрнца во периферната крв и зголемена маса на леукоцити во организмот. Меѓутоа, честите инфекции и заморот кој не исчезнува ни после одморот може да се сметаат за симптом поради кои задолжително треба да се обратите кај доктор.

Доколку заморот се појавува покрај краткото издишување, бледа кожа, потење во текот на ноќта, благо зголемена температура која не поминува, веднаш треба да појдете на доктор и да направите крвна слика.


Не смеат да се занемарат и модриците, болката во коските и зглобовите, исекотини и повреди кои споро зараснуваат, а под кожата може да се забележат и ситни црвени точки.

Заморот, зголемена температура, слабоста, веднаш настануваат затоа што се зголемува масата на леукемијата. Потоа може да настанат разни инфекции и крварење.

Хроничниот и ненадеен умор не смеете да го игнорирате.


„Мојот татко почина од канцер па затоа редовно одев на преглед. Да не бев на преглед, симптомите немаше да се покажат уште една година најмалку. Никој од нас не треба да мисли дека е непобедлив. Сите мислиме дека тоа баш нема да ни се случи нам, но кога ќе се случи, тогаш тоа е навистина силен удар. Тогаш само се надевате дека сè сте откриле навреме, затоа што постои многу голема разлика доколку тоа го откриете по два месеци или по една година“ - изјавил Михајловиќ подготвен да ја води една од најголемите битки во својот живот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг