Беше маж, го промени полот, а сега на 69 години ќе се венча со својата 47 години помлада девојка

Точка

16/07/2019

15:09

8.645

Големина на фонт

а а а

Американските медиуми пренесуваат дека 69-годишната Кејтлин Џенер и Софија Хачинс ќе се венчаат. Софија е 47 години помлада од Кејтлин, односно е иста возраст како нејзината ќерка Кендал Џенер.

Парот е во врска веќе две години, а како што пренесуваат медиумите, тие планираат и наскоро да се венчаат.

Олимпиецот и реалити ѕвездата Брус Џенер ја шокираше јавноста кога во 2015 година објави дека започнува процедура за промена на полот, а Софија е исто така трансродна личност. 


Кејтлин неодамна открила дека сè уште не ги запознала децата на Ким и Клои, а никој освен нејзините биолошки ќерки повеќе не разговара со неа откако ја објави автобиографијата “Тајните на мојот живот” во која пишувала негативни работи за поранешната сопруга Крис Џенер.

“Кејт е моментално потполно изолирана. Таа ги изгуби и пријателите од ЛГБТ заедницата поради тоа што го поддржа Доналд Трамп. Навистина се надеваше дека ќе се смири со Кардашијанките, особено откако Ким и Клои добија деца, но за жал, сè уште ги нема запознаено и не поминува многу време ни со внуката Сторми. Само сака да има некој покрај себе и се чувствуваше многу осамено пред да ја запознае Софија”, додал изворот.


Доколку ваквата информација е точна, ова ќе биде четврт брак за Кејтлин. Пред да го промени полот во 2015 година, беше во брак со Кристи Крауновер во 1972 година, со Линда Томпсон во 1981 година и Крис Џенер во 1991 година. Вкупно има шест деца – со секоја поранешна сопруга по две, а беше и очув на Кортни, Ким, Клои и Роб Кардашијан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг