Трамп не го загрижуваат осудите за расизам, повторно ги нападнал конгресменките: "Тоа се луѓе кои ја мразат нашата земја"

Точка

16/07/2019

19:25

1.881

Големина на фонт

а а а

Објавите на Трамп на Твитер во јавноста наишле на остри осуди за расизам и ксенофобија.

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно нападнал четири конгресменки од мигрантско потекло од редовите на демократите, обвинувајќи дека "ја мразат нашата земја", пренесува "BBC". 

"Ако не сте среќни и цело време се жалите, можете да си одите", рекол Трамп на прес-конференцијата пред Белата куќа.

"Тоа се луѓе кои, според моето мислење, ја мразат нашата земја. Што се однесува до мене, ако ја мразите нашата земја, ако не сте среќни тука, можете да заминете веднаш. Не знам на кого ќе му недостасувате", додал американскиот претседател.

На прашањето дали го загрижува тоа што неговите објави на Твитер многумина ги гледаат како расистички, тој одговорил негативно.

"Не ме загрижуваат бидејќи многу луѓе се согласуваат со мене", навел претседателот на САД.

Трамп вчера изнел навреди на сметка на конгресменките, нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство и порачувајќи им дека би требало да се вратат во осиромашените и опустошени места од каде што дошле.



Спонзорирани линкови

Маркетинг