Ајакс не остава ништо на случајноста: Холандскиот првак експресно пронајде достојна замена за Де Лихт

Дерби

16/07/2019

19:30

1.852

Големина на фонт

а а а

Матијс Де Лихт е на пат за Торино и се очекува оваа вечер да пристигне на аеродромот во овој град во Италија, а додека Јувентус ги подготвува сите папирологии за реализација на мега трансферот, Ајакс од друга страна експресно си најде замена за суперталентираниот Холанѓанец.

Интересно, станува збор за нов исклучително талентиран играч кој игра на иста позиција, Мексиканецот Едсон Алварез кој воодушеви со своите настапи на Голд Купот кој го освои токму неговата селекција. 21-годишниот стопер е член на Клуб Америка, но како што јавува угледниот холандски медиум „Де Телеграф“ кој прв го најави заминувањето на Де Лихт во Јувентус, Марк Овермарс веќе ги договорил сите детали за трансферот кој ќе го чини Ајакс 15 милиони евра.

Ова е за 60 милиони евра помалку од она што клубот ќе го заработи за Де Лихт, а раководството во клубот е воодушевено што успеа да пронајде сличен играч со огромен потенцијал и можност да напредува во тимот кој редовно им дава шанси на млади надежни играчи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг