Париз ќе се брани од топлотните катаклизми со урбани шуми: По измерените 65 Целзиусови степени кај Лувр, властите му објавија “војна” на бетонот

Точка

16/07/2019

18:53

2.777

Големина на фонт

а а а

Градските власти на Париз предложиле создавање на “урбани шуми” за овој град подобро да се соочи со високите температури кои во наредните 30 години би можеле да бидат високи како во Канберa, Австралија, но овој амбициозен проект предизвикува сомнеж.

Таканаречената “стратегија на градско освежување” која ја поддржува градоначалничката на Париз, Ен Идалго, има за цел да создаде паркови, градини и плантажи за да се намали бетонската површина која ја зголемува температурата на воздухот. 

Се предвидува создавање на 30 хектари дополнителен зелен простор и садење на 20 илјади стебла. Ова лето се предвидува и отворање на некогашната железничка пруга, со четири “урбани шуми”. По студијата на универзитетот во Цирих за 520 големи градови, до 2050 година климата во градовите со умерена температура, поради климатските промени ќе бидат како да се преселиле 1000 километри појужно. Летата ќе бидат потопли за просечно 3,5 Целзиусови степени, а зимите за 4,7 Целзиусови степени.


Минатото лето, температурата на тлото во улицата кај музејот Лувр, во центарот на Париз, изнесувала 65 Целзиусови степени, навеле градските власти кои ветиле дека до 2020 година, асфалтната прекривка ќе биде заменета со 12,5 хектари зелена површина бидејќи видот на тлото влијае на микро-климата.

Засега не постои датум ни буџет за “зелените проекти” на Париз, но само некои одборници изразиле негодување, сметајќи дека не постојат “урбани шуми” и дека сето тоа се само најави.

Научникот Венс Вигие рекол дека научно не постои дефиниција за “урбана шума”, но признал дека вегетацијата ја намалува високата температура. Парижаните исто така се бунат бидејќи ваквиот проект ќе чини многу и ќе создаде дополнителни градилишта низ главниот град на Франција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг