Трипие се договорил со Атлетико

Макфакс

16/07/2019

18:13

1.143

Големина на фонт

а а а

Атлетико Мадрид во наредните денови треба да заврши со реконструкцијата во одбраната. „Јорганџиите“ по завршувањето на сезоната останаа без Диего Годин, Хуанфран Торес и Фелипе Луис, играчи без кои не можеше да се замисли тимот на Диего Симеоне.

Англиските медиуми попладнево објавија дека Атлетико го договориле трансферот на Киеран Трипе. Цената на трансферот треба да изнесува околу 35 милиони евра.

За место во тимот англискиот репрезентативец ќе се бори со Колумбиецот Сантијаго Аријас, кој од минатото лето е член на Атлетико.

Тренерот Симеоне веројатно реконструкцијата на одбраната ќе ја заврши со трансферот на Марио Ермозо од Еспањол, иако постоеја шпекулации дека овој фудбалер наредното лето ќе пристигне во Мадрид како слободен играч.

Атлетико летото заработи најмногу од сите клубови во Европа. „Јорганџиите“ продадоа играчи за 280 милиони фунти, а на досегашните трансфери се издвоени 176 милиони фунти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг