Сега е и официјално: Урсула фон дер Лејен е првата жена на чело на Европската комисија

Точка

16/07/2019

20:35

2.540

Големина на фонт

а а а

Европскиот парламент официјално ја избрал доскорешната министерка за одбрана на Германија, Урсула фон дер Лејен, за нова претседателка на Европската комисија.

За неа гласале 383 пратеници, додека 327 биле против, а 22 воздржани. Само едно ливче било неважечко.

За да стане претседателка на Комисијата, фон дер Лејен требало да добие поддршка од апсолутно мнозинство пратеници, односно најмалку 374 гласови. Гласањето било тајно.

Фон дер Лејен во говорот пред Европскиот Парламент пред гласањето, ги истакналс климатските промени како главен проблем со кој се соочува Европа.

„Најголем предизвик во овој момент е нашата планета да остане здрава, тоа е најголема одговорност на нашето време“, рекла таа и додала дека сака Европа да стане прв континент со нулта стапка на емисија на ЦО2 до 2050-та година.

По долготрајните преговори во Европскиот Совет, европските лидери на почетокот на месецов ја предложија фон дер Лејен за претседателка на ЕК.

Таа од 2005-та до 2009-та година беше германска министерка за семејство, од 2009-та до 2013-та година беше министерка за труд, а во 2013-та година стана министерка за одбрана.




Спонзорирани линкови

Маркетинг