Хит од Европа, Abso Bar Zero веганските протеински барчиња, сега достапни и кај нас

Точка

20/07/2019

10:35

7.392

Големина на фонт

а а а

Свежо овошје и зеленчук, продукти од цело зрно, мешунки, јатки и семиња се всушност главниот извор на храна кај веганскиот начин на исхрана. Без исклучок, сите продукти се богати со многу витамини, минерали и хранливи влакна.

Оваа храна изобилува со витамини како Б1, Ц, Е, фолна киселина, магнезиум и железо, додека пак за разлика од други намирници кои ги консумираме секојдневно, има најниско ниво на заситени масти. 

Покрај сировите продукти кои ги наоѓаме во таква форма дадени од природата, имајќи предвид дека веганскиот начин на исхрана ширум светот станува се поприменет, прехрамбрената индустрија се повеќе се занимава со производство на продукти со избалансиран состав и поголема хранлива вредност.

Се повеќе истражувања покажуваат дека кај оние кои консумираат протеини од растително потекло, семки и јатки, ризикот за срцеви заболувања се намалува за 40%, додека пак кај консуматорите на протеини од животинско потекло, ризикот за срцеви заболувања се зголемува за 60%.

Доколку ви е потребна конкретна причина да почнете да консумирате вегански барчиња кои досега не биле имплементирани во вашата исхрана, сега ја имате. 

Abso Bar ZERO веганските барчиња се ново освежување во асортиманот на веганска храна на нашиот пазар. Имено, овие барчиња се протеински микс од протеин од грашак како изолат и концетрат од оризов протеин.

Abso Bar ZERO не содржи глутен, е без ГМО, без лактоза, со намален процент на шеќери, а како засладувач содржи стевија и е погоден за лица кои се алергични или нетолерантни на било која од овие состојки. 

Од неодамна овие барчиња се достапни во Про Фит и истите може да се најдат во неколку вкусови: вкус на колаче и ванила, јагода и двојно чоколадно брауни.

Унгарската компанија која го започна производството на Abso Bar ZERO постигна голем успех кај своите потрошувачи, како во Унгарија каде што овие производи се навистина голем хит, така и ширум Европа.  




Спонзорирани линкови

Маркетинг