6-годишно дете го спасило бракот на своите родители со само едно прашање

Точка

17/07/2019

19:25

8.281

Големина на фонт

а а а

“Мамо, морам ли да се венчам?” – ваквото прашање ѝ го поставил 6-годишниот син на својата мајка, блогерката и Јутјуберка Џоен Вендити, без да знае што истото би можело да предизвика. Имено, токму тие зборови ја поттикнале младата мајка да размисли.

На својот блог напишала дека прашањето на нејзиниот син најпрвин предизвикало страв во неа и се прашувала што е тоа што е лошо во нејзиниот брак – и дали нешто воопшто е лошо. 

“Не, не мораш да се венчаш. Можеш да правиш што сакаш, ние само сакаме да бидеш среќен”, одговорила Џоен, на што тој со олеснување одговорил: “Ок, добро! Имено, не сакам постојано да се карам со некого”.


Во тој момент, блогерката сфатила колку нејзиното пасивно-агресивно однесување и однесувањето на нејзиниот сопруг влијаело на нивниот син. Тие се карале за секоја ситница и глупост, а честопати атмосферата во домот била ладна. Поради тоа, мајката на четири деца ги зела работите во свои раце и направила “ревизија” на изминатите неколку години: веридбата, венчавката, спонтаните абортуси, проблемите на работа, здравствените проблеми... Тие проаѓале заедно низ сето тоа, меѓутоа нивната врска страдала.

Разговарала со сопругот за проблемот и двајцата веднаш се сложиле дека нешто мора да се промени – инаку нивниот брак ќе пропадне. Тие одлучиле дека повторно мора да се заљубат еден во друг: оделе на романтични состаноци и одвојувале време за себеси.


“Никогаш не ја изгубивме својата љубов еден кон друг, но сепак сега имаме сосема нова врска. Ги пополнивме пукнатините и ја изградивме врската врз нив”.

Нивниот син го забележал тоа и сега одлучил дека еден ден, сепак сака да се венча, напишала Џоен.

“Нашиот дом повеќе не е полн со кавги и викање. Сега разговараме, се смееме и сме позитивни настроени”, заклучила таа на својот блог.



Спонзорирани линкови

Маркетинг