Ова е нешто навистина посебно: Славеничкиот Ducati Panigale V4 го одзема здивот!

Точка

18/07/2019

16:59

3.219

Големина на фонт

а а а

Легендарниот модел го прославува 25-тиот роденден на прекрасен начин – со специјална изведба која е вистинско ремек дело.

Поминаа 25 години откако за прв пат се појави Ducati 916. Тоа беше мотоциклот кој го промени светот на мото-дизајнот и веднаш го освои срцето на бројни купувачи ширум светот. 916 беше уникатен по својот стил и елеганција, лесен и технолошки иновативен, вистински претставник на „произведено во Италија“.

За да го прослават важниот јубилеј, од Ducati го претставија Panigale V4 25 Aniversario 916. Овој мотоцикл во лимитирана серија од 500 нумерирани примероци ги има оригиналните бои и ексклузивните тркачки компоненти. Беше претставен минатиот петок, на 12-ти јули во Пебл Бич, Калифорнија.


Panigale V4 25 Aniversario 916 беше претставен во присутноста на „кралот“ Карл Фогарти, кој во 90-тите години од минатиот век возејќи Ducati беше четирикратен светски шампион во категоријата супербајк.


Јубилејниот 916 ќе се продава по цена од околу 45 илјади евра, а првите испораки започнуваат во октомври оваа година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг